Пролетни Подготовки 2025, Бар-Црна Гора

Во периодот од 02 до 11 Април во Бар, Црна Гора нашата репрезентација во сениорски и младински состав ги остварува подготовките во пресрет на новата сезона.

На овие подготовки учество зедоа следните атлетичари:

Сениори:
Јован Стојоски, Огнен Стефановски, Владимир Битољану, Камелија Кајчевска, Сара Османовска.

Младинци:
Брајан Авиа, Марко Алексовски, Михаил Петров, Марио Пешевски, Дамјан Ѓоргиевски, Иван Поповски, Лина Исени, Лина Аневска, Ева Митевска.

Им посакуваме успешни подготовки , кои ќе им донесат нови успеси и рушење на нови рекорди на нашите репрезентативци во новата сезона.