Европско Првенство во трчање на пат 2025 Брисел-Левен

За прв пат во европската атлетика идната недела на 12 и 13 Април ќе се одржи првото Европско Првенство во трчање на пат во Брисел Белгија.

На програмата на ова првенство се трите најпопуларни трки на пат и тоа: 10км, Полумаратон и Маратон, а целата тркачка заедница заедно со рекреативните тркачи ќе ја имаат можноста да трчаат заедно со најдобрите атлетичари во Европа.

На ова првенство ќе настапат и нашите најдобри атлетичари на долги стази Дарио Ивановски и Адријана Поп Арсова.

Дарио и Адријана своите настапи ќе ги имаат на 13-ти Април во недела, Дарио ќе трча на најдолгата дисциплина Маратон со почеток во 10:15, додека Адријана ќе настапи на трката на 10км со почеток во 9:30.