-
11.3.2025
-
Вести, Натпревари, Резултати
Андреас Трајковски го освои осмото место во скок во далечина на Европското првенство во атлетика во сала што се одржува во Апелдорн, Холандија, откако македонскиот атлетичар испиша историја станувајќи прв во историјата на овој спорт во нашата земја кој успеал да стигне до едно големо финале.
Тој имаше извонреден скок во квалификациите кога со 7,85 метри стигна до место во големото финале. Македонецот не успеа да стигне до таа должина во финалето, па така најдобро достигнување му беше 7,65 метри, доволно за осмото место во ова големо финале.