-
07.3.2025
-
Вести, Резултати, Рекорди
Андреас Трајковски синоќа дојде до историски подвиг со неговиот пласман во финалето на европското првенство во сала.
Со својот фантастичен скок од 7.85м кој е воедно и нов македонски рекорд во сала, Андреас го обезбеди 7-то место во квалификациите и успеа да испише историја како првиот македонец кој се пласирал во финале на европските првенства.
Финалето е закажано за вечерва 7-ми март со почеток од 20:30 часот.