​Куп на Македонија за Сениори и Сениорки 2024


Викендов на Арената “Тоше Проески” се одржа Купот на Македонија за Сениори и Сениорки како најголемото атлетско натпреварување организирано од страна на Атлетската Федерација на Македонија.

На ова првенство учество зедоа повеќе од 20 клубови и 120 Атлетичари кои се бореа за престижот победник на Купот на Македонија, натпреварување кое по карактер е Екипно Првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите “норми„ собираат бодови кои ќе им послужат за што повисоко рангирање на своите клубови.

Севкупен победник на Купот на Македонија за 2024 година е Атлетскиот Клуб Делта од Скопје, за кого ова е 4-та освоена титула од ова натпреварување.

Најдобрите клубови во Машка и Женска конкуренција се следните :

Кај СЕНИОРКИТЕ 

1 место со 410 бодови АК Куманово
2 место со 293 бодови АК Делта
3 место со 274 бодови АК 7ми Мај

Кај СЕНИОРИТЕ 

1 место со 939 бодови АК Делта
2 место со 517 бодови АК Куманово
3 место со 279 бодови АК 7ми Мај

Додека во СЕВКУПЕН ЕКИПЕН ПЛАСМАН прворангираните три екипи беа 

1 место со 1232 бодови АК Делта
2 место со 927 бодови АК Куманово
3 место со 553 бодови АК 7ми Мај

Комплетните резултати може да ги погледнете на следниот линк

Фотографии од натпреварот погледнете на овој линк.

Линкови за симнување на фотографии:
https://we.tl/t-STWehaGYz3
https://we.tl/t-G19XQ6dtDv