Нов национален рекорд на Дарио Ивановски на ЕП во Рим


Нашиот атлетичар Дарио Ивановски, постави нов национален рекорд во полумаратон на Европското првенство кое се одржува во италијанската престолнина.

Полумаратонот во Рим, Ивановски го заврши со време од 1:04.01 часа, што е за 44 секунди подбро од неговиот претходен рекорд.

Овој резултат на Дарио му го донесе 29. место во конкуренција од 64 натпреварувачи.
 
Златниот медал, со нов рекорд на европските првенства (1:01.03 часа) го освои домашниот натпреварувач, Јеманеберхан Крипа. Тој во драматичен финиш за една секунда го победи сонародникот Пјетро Рива,а трет беше Германецот Аманал Петрос со 4 секунди послаб резултат од победникот.