Андреас Трајковски се пласираше на 22. место на ЕП во Рим


Нашиот атлетичар Андреас Трајковски, не успеа да обезбеди финале во скок во далечина на Европското првенство кое се одржува во Рим, Италија. 

Трајковски успеа да скокне 7,73 метри, со што го освои 22. место од 29 натпреварувачи.

Неговиот најдобар обид се случи во третата серија, кога беше за 22 сантиметри пократок од скокот на Страхиња Јованчевиќ, кој последен успеа да обезбеди место во финалето.
 
До златото во дисциплината скок во далечина стигна фантастичниот Грк Милтиадис Тентоглу кој успеа да прескокни 8.65, што претставува рекорд на европските шампионати.