НАЦИОНАЛНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ И СЕНИОРКИ


Изминатиот викенд во Скопје, се одржа НАЦИОНАЛНОТО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СЕНИОРИ И СЕНИОРКИ. На натпреварот учество зедоа 20 атлетски клубови членки на Атлетската федерација на Македонија со повеќе од 160 атлетичари.

Соборен е 1 Национален Рекорд на дисциплината 3000м стиплчес од страна на Миљана Ристиќ, која со истрчано време од 11:58.61 успеа да го собори претходниот рекорд кој беше во сопственост на нејзината клупска колешка Марија Стојановска (12:09.82) поставен во 2017 година. 



Националното првенство е поединечно првенство, а воедно влегува во бодувањето и севкупниот ранкинг на клубовите. Со тоа покрај освоените индивидуални медали клубовите освојуваат и дополнителни поени. 

Најуспешните клубви на индивидуално и екипно ниво се:

Со освени индивидуални медали:

АК Делта 14🥇6🥈 5🥉
АК Куманово 6🥇13🥈8🥉
АК 7ми Мај 6🥇6 🥈4🥉

Со освоени бодови:
 
АК Делта 503 🔴
 АК Куманово 438 🟡 
АК 7ми Мај 320 🔴 

Целосните резулати може да ги погледнете тука.



 

Галерија