Изминатиот викенд беше исполнет со голем број на натпреварувања каде учествуваа нашите репрезентативци и повторно успеаја да се представат во најдобро светло.
На атлетскиот митинг во Крањ Словенија,
Јован Стојоски повторно го собори рекордот на 400м со пречки и сега тој изнесува 52.84!
Со издвојувана победа на атлетската трка на пат Халк Еко Скопје Трча,
Адријана Поп Арсова успеа да го подобри нејзиниот национален рекорд за 27 секунди и сега тој гласи 34:42!
Додека на митингот Светски Ден на Атлетиката кој се одржа во Скопје,
Владимир Битољану продолжи со неговaта серија на извонредни резултат, овај пат поставувајќи
нов државен рекорд на 200м во младинска категорија со резултат од 21.86. Претходниот рекорд беше во сопственост на Ристе Пандев (22.06).
Исто така, забележителен настап имаше и
Брајан Авиа кој во саботата на средношколските атлетски натпревари во скок во височина успеа да ја прескокне висината од 2.02!
Сите овие резултати се одлична најава за предстојното Национално Првенство за сениори кое веќе ни е на програмата следниот викенд 18-19 мај во Скопје.
Се гледаме од таму со нови успеси!