Викенд за рекорди во атлетиката


Изминатиот викенд од страна на нашите атлетичари Леонид Вандевски и Јован Стојоски беа соборени едни од најдолговечните постоечки рекорди во историјата на Македонската атлетика на дисциплините 2000м стиплчес и 400м со пречки.

Леонид Вандевски на атлетскиот митинг “Pilhauzen” во Германија, со време од 6:00.49 го собори претходниот рекорд на 2000м стиплчес кој беше во сопственост на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.




Јован Стојоски на меѓународниот митинг во Марибор, Словенија, успеа да сруши уште еден рекорд, овој пат во неговата нова дисциплина 400м со пречки кој сега гласи 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше уште од 1980 година и беше во сопственсост на Бранко Илиевски.

Истотака на меѓународниот атлетски митинг во Скопје кој се одржа изминатиот викенд, забележителни настапи остварија Владимир Битољану кој успеа да ја сруши бариерата од 11 секунди на 100м и си постави нов личен рекорд од 10.91 и Дрита Ислами која во својата споредна дисциплина 400м успеа да истрча одлично време од 55.50 секунди, додека на атлетскиот митинг од “Bronze Label” во Дубаи Андреас Трајковски успеа да оствари одличен скок од 7.75.

Оваа е уште една одлична најава од страна на нашите репрезентативци за големите натпревари кои доаѓаат.