21 - 22 април: Семинар за Судии на АФСМ
Изминатиот викенд (21 - 22 април) во Хотелот Црешово Tопче во Пробиштип се одржа Семинарот за Судии на АФСМ.
Со присуство на 30 активни судии во Пробиштип се одржа судискиот семинар за 2024 година, на кој преку теоретска и практична работа се одработија повеќе теми и предизвици со кои се соочуваат судиите. Преку ваквите активности Атлетската Федерација на Македонија настојува да го надградува знаењето и вештините на судиите со цел поефикасно спроведување на системот на натпревари.
Навистина сме среќни што имаме на располагање вакви квалитетни судии.