Македонија има нов рекордер во скок со стап во Сала. Овај рекорд сега изнесува 3,65 метри, срушен од Огнен Стефановски за време на државното првенство на Србија. Тој со само неколку месеци тренинг во својата нова дисциплина успеа да стигне до ова достигнување.
Претходниот рекорд во оваа дисциплина датираше уште од далечната 1969 година, поставен од страна на Владимир Карер.