Андреас Трајковски го освои сребрениот медал со нов македонски рекорд во сала со резултат од 7.79 метри на Балканијадата која се одржува во Истанбул, Турција.
Андреас до последната серија беше на првото место со скок од 7.75 метри, но Лука Чукрковиќ од Хрватска во 6. серија прескокна 7.81 метри. Андреас во 6. серија прескокна 7.79 метар но недоволно за златото. Бронзениот медал го освои Божидар Сарабуков од Бугарија со 7.74 метри.
Следен настап Андреас ќе има на 13. февруари во Белград на меѓународен атлетски митинг во сала.