ЕВРОПСКА АТЛЕТСКА КОНВЕНЦИЈА 2024 – Скопје

Организацијата на Европската атлетска конвенција, за 2024год официјално ѝ е доделена на Македонија. Со оваа одлука, огромна доверба ѝ е укажана на нашата Атлетска федерација, како резултат на нашето прогресивно и проактивно меѓународно дејствување.

“Нашето лобирање во Талин неодамна, кога бевме на Европската конвенција и во Атина на Балканскиот конгрес, вроди со плод. Во склоп на Европската конвенција традиционално се избираат и најдобрите атлетичари на Европа што значи елитата во 2024год доаѓа во Македонија” – изјави Александра Војнеска Зикова, Претседателка на АФМ

Оваа фотографија е убав спомен, од нашите меѓународни активности, како АФМ со Лордот Sebastian Coe – Претседател на Светската асоцијација на атлетски федерации кој во 2025 година ќе биде и кандидат за Претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).

Поврзани вести