Денес, во Белград на VII Меѓународен атлетски митинг “Михајло Мика Сврака” во сала, македонските атлетичари кои се на подготовки во Белград ги постигнаа следните резултати:
🔘Јумна Фетахи-пионерка во фрлање ѓуле го освои бронзениот медал со личен рекорд во сала од 11,68м
🔘 Сара Османовска-млада младинка во трката на 60м постигна личен рекорд од 8,22сек, а во скок во далечина постигна резултат од a 5.04м
🔘 Брајан Авиа-пионер во сениорска конкуренција во скок во височина постигна личен рекорд во сала од 184цм, а во фрлање ѓуле во пионерска конкуренција го освои 4 место со личен рекорд во сала од 13,29м
🔘 Ана Божиновска-младинка на 60м постигна резултат 8,37сек, а на 200м во сениорска конкуренција постигна резултат 27,25сек
На фотографијата е Јумна Фетахи, на пиедесталот